Посетител од друга ѕвезда

Веројатно го паметите меѓу ѕвездениот посетител со необично име, Oumuamua, кој пролета низ нашиот Сончев систем со голема брзина, што беше една од индикациите дека потекнува од друга ѕвезда.

Новиот меѓу ѕвезден посетител се вика комета 2I/Borisov и научниците мислат дека знаат од каде доаѓа.

Се претпоставува дека овој посетител доаѓа од бинарниот систем на црвени џуџиња наречен Кругер 60, оддалечен 13.15 светлосни години од нас. Се претпоставува дека кометите можат да бидат исфрлени од некој систем од страна на голем вселенски објект, како што е нашиот Јупитер. Сепак, околу системот Кругер 60 не се откриени егзопланети.

Ова откритие може да ни помогне да ја споредиме оваа комета со кометите од нашиот Сончев систем и да ги воочиме сличностите или разликите. Тоа е ретка прилика да ги проучуваме овие објекти кои се премногу мали и немаат доволно светлина или гравитациско влијание за да ги воочиме.

Прочитајте повеќе за ова откритие тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *