Не греј се на дрва. Не само заради заштеда, туку заради здравјето. Истражувањето потврдува дека во домовите кои се грејат на дрва е 60 до 120 пати позагадено отколку надвор. Ако се грееш на дрва во буквална смисла на зборот се труеш себеси. Информирај ги и другите за штетноста и опасноста на греењето со дрва.
Вози автомобил на плин – ем еколошко, ем најефтино! Нашата земја е далеку од електрични автомобили и засега “плинот” е најеколошка опција.
Засади дрво! Никој нема да ти каже не ако сакаш да засадиш дрвце зад твојата зграда. Алтернатива е да засадиш дрво каде било.
Вози велосипед – секогаш кога имаш прилика. Попросто, здравје!
Користи јавен транспорт. Не биди од тие што го „палат” автомобилот за да одиш до продавница. Не мора секогаш и секаде да одиш со автомобил.
Не користи пластични кеси! Пластичните кеси се лесно достапни, (најчесто) бесплатни и сеприсутни! Прават голем дел од отпадот, не е исплатливо да се рециклираат, нѐ трујат нас и околината.
Селактирај отпад и компостирај. Кога селектираш придонесуваш помал дел од отпадот да оди на депонии каде што со распаѓањето испушта штетни гасови и се гори и нѐ загадува.
Користи помалку амбалажи. Прави домашни сокови, пластиката не е добра за тебе, ниту за природата! Постојат фирми кои ти носат млеко, јогурт, кисело млеко до дома во повратна стаклена амбалажа. Што помалку отпад на депониите – тоа почист воздух!