Никола Тесла работел на безжичниот пренос на енергија и е таткото на радиото (извини макарони, пардон Маркони!), а пошироко сфатено и на концептот на мобилните телефони.
Денес истражувачите ширум светот работат на „светиот грал“ на науката и технологијата – безжичен пренос на електрична енергија. Се разбира апаратите кои се најинтересни за полнење се мобилните телефони.
Постојат решенија, но тие не се совршени и подразбираат станица за полнење врз која се поставува телефонот. Иако телефонот не се поврзува со кабел, сепак е потребно да има физички контакт со станицата за полнење, што практично и не е некое подобрување.
Идејата која се чини најинтересна и ветува најмногу е полнење на апаратите преку Wifi сигналите. Звучи интересно и ако успеат да ја развијат оваа технологија научниците ќе се соочат со предизвик да ја направат сигурна и безбедна за користење.
Технологијата вклучува предавател кај изворот и примател во самиот апарат и до сега е остварен пренос на енергија на растојанија до 5 метри, што не е многу, но ветува возбудлива иднина. Дознајте повеќе: