Можеби мислите дека припаѓате на доминантен и најброен вид на планетава. И навистина, нѐ има многу, но не колку мравките!
Се проценува дека на планетата земја има 12.000 видови мравки и вкупно 1 милион милијарди мравки! Тоа е толку голем број што за да го изброите (вие и вашите потомци) усно од 1 до крај би ви требале околу 4.000 години!
За мравките е познато дека имаат организиран социјален живот со касти, поделба на трудот, систем за ладење и вентилација на мравјалниците, па дури и сопствени фарми на кои работат други инсекти!
Но, тоа е тема за друг ден, а денес ќе дознаеме што се случува кога мравките војуваат!