За реинкарнацијата и екологијата!

Реинкарнацијата има смисла и животот е бесконечен! Но, сепак може да биде конечен, зависно од тоа каде ќе се најдеш…

Да објасниме. Реинкарнацијата е термин кој се поврзува со индиската филозофија и во основа се работи за преселување на душата (нематеријалното и вечно) од една форма во друга (материјалното и конечно). Така човек станува полжав, а полжавот дрво, дрвото мајмун, а мајмунот човек…

Но, што ако под реинкарнација се подразбира смррта на телото кое е составено од интегрирани атоми, клетки, ткива и органи, и нивно распаѓање на составните честички, кои потоа стануваат дел од почвата, дрвјата, тревата и кравите, а преку нив до луѓето (ако не преку кравите, тогаш преку оризот) или преку подземните води, до реките, океаните и рибите?…

Ќе станеме едно со ѓубрето!

Можеме да дадеме безброј примери, но пораката е иста – сѐ што постои во природата (или на Земјата како затворен систем) кружи и е поврзано! Тоа истовремено значи дека еден ден сите ние ќе станеме едно со ѓубрето кое го фрламе.

Затоа да внимаваме што фрламе, не би сакале да се реинкарнираме во мутирана риба или дрво без шанси за опстанок, нели!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *