Кеса не, благодарам. Торба си носам!

Што е најлонска кеса и зошто е толку омилена во нашата држава? Можеме ли да живееме без неа или вечно ќе бидеме робови на удобноста? Дали постојат биоразградливи кеси кај нас или се работи за редок, па дури и митски вид како еднорогот? Зошто да се откажете од најлонските кеси и да користите торби, колички или ранци кога пазарите?

Дознајте го одговорот на сите овие прашања и повеќе во новата кул, хипстерска и популарна група на основачите на „Дај, не фрлај“, „Не фрлај, не загадувај“ и „Еколошко, евтино, ефикасно!

Новата група „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“ за само неколку дена ја достигна бројката од 2.500 членови и е многу активна, се водат жестоки дискусии за торби, против кеси, за екологија и реупотреба.

Приклучете се дур сме млади, кога ќе станеме големи и познати ќе се фалите дека сте помогнале да пораснеме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *