Изуми: чадор

2.000 пне-2 век пне

Иако западните извори наведуваат дека првите чадори се употребувале во Египет пред 3.500 години, сепак ќе се согласите дека неколку палмини листови закачени на стап и не е некој чадор!

Image result for egyptian umbrella

Други извори се согласуваат дека кинезите ги измислиле чадорите пред 4.000 години, но првиот пишан доказ потекнува од пред 2.400 години и древната книга на кинески церемонии, наречена Zhou Li, каде сликата и описот одговара на чадор – и тоа е клучно – кој може да се затвори.

Првите чадори, всушност биле чадори за сонце, за да ги заштитат луѓето од сончевите зраци во летните денови. Кинезите дури во 11 век ги унапредиле нивните хартиени чадори и ги направиле водоотпорни со помош на восок и лак.

Во првиот милениум пне. чадорите дошле во Европа и на нив се гледало како на луксузен моден додаток за жените. По пропаста на римската империја во 5 век чадорите сосема исчезнале од Европа и се вратиле дури по Ренесансата, но повторно за аристократските жени во доцниот 16 век.

Било потребна упорноста на еден храбар светски патник и писател, Jonas Hanway (1712-86), кој во Англија се шетал со своето чадорче повеќе од 30 години, за мажите да го прифатат овој практичен изум како дел од машката мода. Англиските господа дури ги нарекувале нивните чадори „Hanway“, а денес тие се неразделен дел од класичниот англиски изглед.

Во 1852, Samuel Fox ги додал металните спици на чадорите кои ги позајмил од женски корсети, а дури во 1928 Hans Haupt го измислил џебниот, компактен чадор.

Сто години потоа, соочени со последиците од глобалното затоплување, чадорите се сѐ попотребни, но внимавајте при силен ветер, може да станете Мери Попинс!

И за крај, да запееме: Ела, ела, ела, ех, ех, ех….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *