Халт, Гешталт!

Иако има име кое звучи како песна на Рамштајн, Гешталт психологијата, т.е. збир на принципи објаснува неколку значајни феномени без кои начинот на кој ги перцепираме работите, изведуваме заклучоци, учиме или функционираме во секoјдневниот живот би бил невозможен.

Позната и како психологија на „шемите“ е школа создадена од германските психолози во 1910 година. Според Гешталт принципите на групирање луѓето природно ги перцепираат објектите како организирани шеми. Тие ни овозможуваат да ја перцепираме и сфатиме целината иако е нецелосна или да изведуваме заклучоци врз основа на недоволен број податоци. Без овие принципи би била невозможна математиката, астрономијата или уметноста.

Постојат 6 принципи: блискост, сличност, континуитет, затвореност, концизност и фигура. Различни извори наведуваат од 5-7 принципи и ако ве интересира повеќе за нив можете да ги посетите овие линкови.

За крај ве оставаме со прашањето:

Автобус + Кијану Ривс = ?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *