Што кријат длабоките океани?

Иако се огромни, во океаните живее само 2% од целата биомаса, а 90% од тоа е до длабочина од 200 метри. На таа длабочина сѐ уште има сончева светлина и може да се одвива фотосинтеза.

Фитопланктоните, едноклеточни алги и бактерии го сочинуваат екосистемот на океанот во кој нив ги јадат поголеми планктони, а нив поголеми итн.

На оваа длабочина морското дно наликува на амазонската прашума и да, како и површината на планетата и тука е присутно нашето загадување.

Одиме подлабоко, каде светлината драстично се намалува, а со тоа и растенијата и целата површина на морското дно почнува да наликува на Месечината.

Како што одиме уште подлабоко притисокот расте до смртоносни размери, како 200 автомобили да ви стојат на глава, а ние сме стигнале само до 3% од нашето патешествие на околу 330 метри длабочина.

Во овие темни води дење многу видови се кријат од предатори, а ноќе бараат храна во поплитки води. Видовите кои живеат тука развиле способност за биолуминисценција и со помош на хемикалии создаваат светлина.

На 700 метри длабочина, видовите се потпираат на еден феномен за да преживеат – морски снег! Што е тоа дознајте во следното видео.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *