Сончевите панели се одличен начин да се искористи енергијата на сонцето, бесплатна е и не може да се потроши, но постои проблем – ефикасност.
Во коренот на проблемот е т.н. „отпадна топлина“ – енергија која не се користи од страна на сончевите панели. Всушност 70% од сончевата енергија не се користи, затоа што светлината е составена од видлива и невидлива светлина (од инфра и ултра спектарот). Електроните во сончевите панели реагираат само на фотоните и така се создава електрична енергија. Останатите бранови должини не можат да реагираат со електроните од сончевите панели.
Со новата технологија – јаглеродни наноцевки, научниците се обидуваат да ја искористат енергијата која се одбива од сончевите панели во форма на топлина. Но, како да се претвори топлината во електрична енергија?
Идејата е тенкиот слој од јаглеродни наноцевки отпорен на топлина од 1.700 степени Целзиусови да ја апсорбира отпадната топлина. Со оваа технологија потенцијално може да се искористуваат 80% од сончевата енeргија, што би претставувало огромен напредок.
Видете повеќе за оваа возбудлива технологија во следното видео: