Silicon Valley е уште едно ремек-дело од умот на Мајк Џаџ кој на светот му ги подари незаборавните тупаци Бивис и Батхед и култниот филм Office Space кој би требало да го гледа секој со слободен и креативен дух што планира да работи во канцеларија. Се разбира тука е и забавниот Idiocracy, но Silicon Valley, според многумина, е врвот на плодната кариера на Мајк Џаџ.
Кога Илон Маск ќе каже дека серијата Silicon Valley е највистинитиот филмски приказ на светот на иновациите во технологијата, тогаш веројатно е така!
Наскоро доаѓа шестата и заклучна сезона од оваа забавна и поучна серија, со вистинска доза на хуманизам (Internet of People), и одличен саундтрак, па да се подготвиме!