Киберпанк Кијану!

Во 1990-тите кога беше популарен терминот кибер панк се зборуваше многу за термините како „Информацијата сака да биде слободна“ и хакерите кои се анархисти прифаќаа да бидат обележани како кибер-панкери.

Во уметноста остана запаметен Вилијам Гибсон со неговата low-tech филозофија која пренесана на филм ги донесе класиците како The Matrix (и секако Ghost in the Shell и Akira), Total Recall, eXistenZ, Robocop, да не го заборавиме претходникот Blade Runner, и други.

Се разбира, тука се и The Lawnmower Man, како и Johnny Mnemonic, кои беа по малку наивни во нивниот пристап кон графиката, приказната или општо земено филмот како сериозен концепт. Приказната Johnny Mnemonic на Вилијам Гибсон е одлична, кој може да ја заборави сачмарката во Адидас торба!, но филмот ја пропуштил таа шанса.

Жанрот повторно се актуализира од време на време, а денес повторно со играта Cyberpunk 2077 и, се разбира, Keanu Reeves.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *