Што може да научи Македонија од Јапонија?

Јапонците се навистина чуден народ. Веќе зборувавме за неверојатните шахти или излозите со вештачка храна кои се како вистински уметнички дела. Но, по што друго се разликува Јапонија од нашата земја и од повеќето земји во светот?

Познати се митските приказни за училишта кои немаат чистачи, а наместо тоа децата сами ги чистат училниците за да искажат благодарност кон училиштето или да научат како да бидат попродуктивни членови на општеството…

Кога во Јапонија се штрајкува, тоа се прави малку поинаку, на пример кога возачите на автобуси штрајкуваат, тие продолжуваат да возат, но не им наплаќаат на патниците. На тој начин тие ја извршуваат својата должност, не ги оштетуваат граѓаните, а компанијата губи пари и е принудена да им излезе во пресрет.

Во оваа митска земја болничката храна е како од мени на јапонски ресторан, во каналите покрај улиците живеат риби, а на некои места тоалетните казанчиња се воедно мијалници за да се рециклира и помалку троши водата.

Кога во Јапонија некој ќе ви го удри велосипедот несакајќи, ви остава порака со извинување и нешто пари, а ако заборавите нешто на улица ќе го најдете на истото место и по неколку дена – секако потргнато настрана.

Во Јапонија железничките компании се извинуваат за доцнење од 20 секунди, а луѓето се љубезни, внимаваат на вашата приватност, а ако ви треба помош – веднаш се тука!

Така зборуваат за Јапонија, таа митска земја, а како стојат работите кај нас? Бидејќи името на порталов е „арно“ ќе ја оставиме таа приказна за некое друго место.

Прочитајте повеќе за Јапонија тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *