Хипстери од сите земји, обединете се!

Компаниите во Македонија работат на принципот „couldn’t care less“, испуштаат отпадни води (пример помеѓу Јурумлери и Лисиче), ја загадуваат почвата (Охис итн.) и воздухот (Усје, Рек Битола, Дрисла)… едноставно се премногу за да ги наброиме и сметаме дека е залудно да пишуваме за нив. Тука треба да истапи државата и да казни, скрати, удри по џебот, зашто тие ја разбираат само логиката на парите.

Се разбира, без вода нема живот, ама нема ни без пари, и компаниите кои разбираат дека можат воедно да бидат еколошки ориентирани, а и да спечалат од тоа погодиле џекпот! Во денешно време екологијата, како во 80-тите, е повторно кул, компаниите треба да го искористат тоа, бидејќи новите генерации (читај: хипстери) се една цела потенцијална група консументи кои се подготвени да платат повеќе за нешто поквалитетно кое нема да ја уништи околината и нив самите.

Пример за таква компанија е Вицко, кои произведуваат платнени торби, метални цевки и слични производи со фокус на реупотребата, која е многу поважна од рециклирањето. Се разбира, трошете „со усул“ затоа што и намалената потрошувачка е првиот чекор кон здрав живот и околина.

No photo description available.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *