Колку кислород навистина прави Амазонската шума?

Повеќе пати зборувавме за важноста на садењето дрвја и добро е што тоа станува светски тренд.

Во нашата средина дрвја се садат, но свесни сме (особено летово) колку слабо се одржуваат тревните површини. Социјалните медиуми се полни со исушени дрвца кои биле засадени годинава. Тоа се фрлени пари и што е најлошо се поигрува со надежите на граѓаните дека конечно ќе станеме зелен град.

Дрвјата може да помогнат во прочистувањето на воздухот, филтрирањето на штетните честички, дишат јаглерод диоксид и други гасови кои се штетни за нас, а произведуваат кислород.

Не е јасен игноранткиот однос од градот и општините, дури навистина збунува… Ако згора на ова се додадат и пустошењето на шумите со сеча и пожари, работите изгледаат лошо.

И на светско ниво се случија многу пожари од кои најпопуларизираниот беше на Сибир и последниот во Амазонските шуми, кои се нарекувааат и „бели дробови на планетата“. Во јавноста излегоа разни бројки, но што е вистината ке видите во ова кратко клипче:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *