Специфичните општествено – економски и безбедносни состојби во реонот на Скопска Црна Гора и воопшто на цела територија на Р. Македонија налагаат детално и сеопфатно истражување на сите фактори кои доведуваат до намалување на шумскиот фонд на поширокиот реон на СЦГ а со тоа и на уништување на толку неопходниот извор на еколошка и здрава средина толку влијателна и битна за намалувањето на опасностите од загадувањето на Скопје, појава на суша, исчезнување на протечна вода и друго.
Познато е дека после кризата во 2001 година во реонот на Скопска Црна Гора особено во близината на селата Танушевци, Брест, Малино мало, како и во близината на Липковското езеро поради специфичната безбедносна и политичка состојба органите и службите надлежни за зачувување на шумскиот фонд беа оневозможени во непречено и слободно извршување на задачите и контролата на теренот.
Истото се должеше поради сеуште во тој период присутната појава на вооружени екстремистички групации кои со текот на време се намалуваа, а делумно поради безбедносниот вакуум, односно отсуство на грижа на одговорност кај локалните жители и служби. Тоа пред се’ се должи на слабата етичка грижа, отсуство на правилна едукација од надлежните институции, воспитување, односно сеопфатни мерки на функционирање на една нормална систематска грижа на општеството и институциите.
Непристапниот терен, неприсуството на соодветни заштитни органи, корумпираноста на надлежните институции и органи, како и превенција преку едукацијата на месното население се рак рана на „лудилото“ и „уништувањето“ на националното добро и богатство кое го преставува шумскиот фонд на Скопска Црна Гора.
Според д-р Марина Малиш Саздовска: Пустошењето на шумите во Република Македонија претставува сериозен еколошки проблем. Она што е значајно за овој вид на криминалитет е фактот што ова кривично дело е најзастапено од областа на еколошки кривични дела пропишани во Гл. 22 од Кривичниот законик на Р.М. Покрај застапеноста во голема мера, ова дело се карактеризира и со нанесување на енормна штета што се однесува до количината на нелегално сечената дрвна маса. Пустошењето на шумите во Република Македонија се извршува како од домашни така и од странски државјани, значи има и една интернационална димензија. Исто така во вршењето на ова дело има тренд на примена на насилство од страна на сторителите, дури и убиства на лица задолжени за одржување на шумскиот ред. Субјектите надлежни за спречување на нелегалната сеча на шуми: полиција, инспекциски органи, шумска полиција и други, не се доволно координирани во борбата против овој тип на криминал. Во наредниот период потребна е интензивна соработка помеѓу овие институции, нивно кадровско и техничко екипирање со цел успешно спречување на нелегалната сеча на шумите.
Не е мал бројот на надлежни служби и институции кои можат активно да се вклучат во откривањето и сузбивањето на нелегална сеча на СЦГ. Тука би требало да се вклучи Министерството за внатрешни работи, Инспекциските служби при одделни министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, вклучително и Шумската полиција, судовите, Јавните обвинителства и др.
Како што рековме со теренските истражувања се проучува непосредната воспитно-образовна практика, работата на одредени институции, установи, гледиштата и размислувањата на поединци како субјекти, нивните меѓусебни односи заради што мора да го разгледаме односот и одговорните службите на терен на СЦГ.
Р.Е. Скопска Црна Гора (ЈП „Македонски Шуми“, 2004-2013)
Вкупна површина | 9.633,60 ха |
Шуми | 8.127,70 ха |
Шумски култури | 107,80 ха |
шумско земјиште | 1354,60 ха |
други намени | 43,50 ха |
други маси | 507.117 m3 |
Dрвни маси на дебелина на разновидни насади во m3 за период од 1993-2002

Дрвни маси на дебелина на разновидни насади во m3 за период од 2004-2013

Од извештаите кои ги даваат реонските единици на Караџица до Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, како и до државниот инспектор за шуми и лов може да се воочи следново од :
За 2010 година:

За 2011 година:

За 2012 година:

Од табеливе се гледа дека драстично е зголемена количината на бесправно исечената дрвна маса и извештајот подготвен од 2012 година за Скопска Црна Гора укажува на алармантна состојба во шумскиот фонд на Скопска Црна Гора.