Изуми: леќа

750 г. пне.

„Мацо каракацо, кај си била, што си правела. Беше кај кумот на гости? Што ти дадоа? Леќа!“ Навистина, оптичките леќи го позајмиле нивното име од ова растение со форма на… леќа.

Се претпоставува дека првите леќи ги направиле Асирците околу 750 г. пне., а народите кои оделе како Египќани правеле леќи поодамна, но во форма на очи кај статуите и ги споменуваат и во нивните текстови… но кој да ги разбере кога пишувале хиероглифи!

Сферични камења се користеле како лупи за читање од 1.000 г, а првите очила ги измислиле, кој друг ако не Италијанците, во 1284 г. но тогаш бил модерен т.н. монополистички изглед, додека очилата со рачки кои одат зад уши датираат од 18 век.

Во практичен американски дух, наместо да носи два пара очила, Бенџамин Френклин ги измислил бифокалните очила. Сепак, независно од тоа дали сакаш да видиш многу ситно или многу далеку, очилата, па и микроскопот и телескопот, користат леќи. Токму овие два изуми ќе доведат до усовршување во изработката и квалитетот на леќите.

Но, без теорија нема ни пракса, а теоријата на светлината потекнува од индискиот атомизам кој пред старогрчкиот во 7 век пне. тврдел дека светлината е една од 5-те елементи (да, знаеле и за елементите пред Грците), а индиските теории имале сличност и со модерните квантни теории (забавен факт: Шродингер и Бор биле фанови на Упанишадите) преку кои се дознава дали мачката на Шродингер е жива или кутрата е мртва зашто се прејала – леќа!


Текстот е преземен од новата фактопедија во подготовка на Бранко Прља.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *