Изуми: шајка

3.400 пне

Шајка за конструирање работи е мајка, ама чеканот е за шајката мајка!

И навистина, првите претходници на чеканот биле во употреба пред 3,3 милиони години, а вистинските со рачка околу 30.000 г. пне. Шајките биле пронајдени подоцна, и тоа на прво место (а не трето!) бронзени, во стариот Египет околу 3.400 г. пне.

Римјаните освен што јаделе грозје во странична позиција и измислиле многу работи со шајки „буздер правеле“ (дури и ако не ги броиме распнувањата на крст), пример кога напуштиле една тврдина во Англија таму оставиле речиси 10 тони шајки, извиткани како црви, веројатно како храна за идните механички птици.

Мајстори занаетчии освен што ковале копја и алати, изработувале и шајки, кои биле скапи и тешки за производство, па во американските колонии палеле напуштени куќи само за да ги соберат шајките. Тоа станало голем проблем, што палењето куќи било забрането со закон, а кога сме кај законите дури и самиот Томас Џеферсон бил шајка-мајстор!

Американската историја навистина е пронижена со шајки… До масовно производство на овие мали, но големи нешта за историјата, дошло дури откако почнале да се користат железни жици, па од нив од 1860 г. наваму сек-сечкале шајки.

Ако планирате да градите дрвена викендичка на планина, ќе ви требаат 20,000 до 30,000 шајки… за среќа денес шајките се евтини и нема да мора да запалите некоја куќа за да обезбедите залиха.


Текстот е преземен од новата фактопедија во подготовка на Бранко Прља.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *