Доза еколошки оптимизам

Како оптимизмот да исплива на површина во морето од пластика и останати ѓубришта?

Има ли други опции?

Има, може да се биде песимист или да се остане рамнодушен. Рамнодушноста е полоша и од песимизмот. Значи, вреди да се влезе во победничкиот тим и да се даде придонес.

Преземањето иницијатива, работата на проекти…

Тоа се нештата кои мотивираат. Идеите се како бранчиња кои се шират, нивното споделување значи дека и други луѓе ќе ги прифатат, ќе ги подобрат и проследат, па влијанието ќе биде посилно.

Од каде почнавме?

До скоро целиот отпад го фрлавме во заеднички контејнер, потоа почнавме да селектираме, мислевме дека се’ што некаде се рециклира може да го користиме без никаква грижа на совест.

Сега сфативме дека ние не сме ,,некаде” туку сме дел од нашата мала државичка во која правилата се поинаку (не)дефинирани.

Оптимистички продолжуваме да се надградуваме.

Ги повикуваме одговорните: владата, фирмите, организациите… но не смееме да заборавиме дека и ние граѓаните имаме моќ исто како што имаме одговорност.

Што носи иднината?

Светот воведува нови регулативи, ги забранува кесите, пластиката за еднократна употреба… Промената се случува иако не се чувствува доволно. Полека, полека ќе дојде и кај нас.

Дотогаш, да останеме оптимисти!


Забелешка – текстот е преземен од овој линк, но е изменет во согласност со локалниот оптимизам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *