Океј, под услов да го сметате Илон Маск за Земјанин. Тој во петокот објави кратка и јасна порака на Твитер: Nuke Mars!
Можеби таа порака ве потсетува на „Др.Стрејнџлав“, чуден филм со уште почуден поднаслов (Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb), политичка сатира од 1964, дело на големиот Стенли Кјубрик.
Се разбира, Илон Маск не сака да почне војна со Марсовците, туку се надева дека со фрлање на нуклеарна бомба на поларните капи ќе ослободи доволно јаглерод диоксид и ќе ја зголеми температурата на планетата, нешто што се случува со глобалното затоплување на нашата планета.
Не е прв пат Маск да зборува за овој концепт, погледнете повеќе:
Иако идејата за топењето на поларните капи на Марс како еден чекор од тераформирањето на Марс не е нова, научниците предупредуваат дека фрлањето атомска бомба на Марс нема да биде ефикасно средство за таа цел.
Сепак, се чини дека размислувањето на Илон Маск е: „Да се обидеме, може да биде забавно, нели!?“