Првиот робонаут!

Роскосмос (Roscosmos), Руската вселенска агенција, ќе прати автономен робот наречен Федор во вселената, на пат до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Неговата мисија е да ѝ помогне на Русија да развие бази и живеалишта на Месечината и другите планети во иднината.

Дел од задачите роботот ги извршува автономно, но сепак ќе има помош преку далечинско управување од Земјата, пренесува сајтот Futurism.

Федор во слободно време сака да пука од огнено оружје и да прави склекови. Типично руски!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *