Летечки автомобили, конечно!

Јапонската компанија NEC Corp успешно тестираше прототип на летечки автомобил.

Со ова Јапонија е на чекор поблиску до водач во „трката на летечките автомобили“ и се надева дека на тој начин ќе го олеснат густиот сообраќај во земјата.

Иако поголемиот број на водечки луѓе во технологијата, вклучувајќи го и Илон Маск се скептични за можноста за успешна „летечка сообраќајна инфраструктура“, Јапонците храбро одат напред, или подобро кажано, нагоре.

NEC Corp се надеваат дека до 2026 година ќе почнат со комерцијално производство, па да се надеваме дека наскоро конечно ќе одиме „таму каде што нема да ни требаат патишта.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *