Црна дупка 40 милијарди пати помасивна од Сонцето

Астрономите од Институтот Макс Планк во Германија забележале ултрамасивна црна дупка Holmberg 15A*, која е една од најголемите воопшто откриени.

Не грижете се, оваа црна дупка нема да ве голтне, иако е поголема од целиот наш Сончев систем, затоа што е оддалечена од нас 700 милиони светлосни години.

Масата на оваа црна дупка е 40 милијарди пати поголема од нашето Сонце. За споредба, измислената црна дупка од филмот Интерстелар, наречена со застрашувачко име Гаргантуа, има маса од 100 милиони Сонца.

Причината за создавањето на ваква енормно голема црна дупка е сѐ уште непозната, но постојат теории поврзани со спојување на ѕвезди создадени од темна материја.

Сепак, тука веќе навлегуваме во шпекулации кои не се далеку од научната фантастика, бидејќи темната материја која го сочинува најголемиот дел од вселената е сѐ уште мистерија за науката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *