Тим на научници од Универзитетот во Лидс (University of Leeds) во Англија создале нова 2Д форма на злато со дебелина од само 2 атоми.
Примените на овој материјал се разновидни, од електронски уреди до прочистувачи на вода кои се многу пати поефикасни од сегашните.

Но, тоа не е сѐ! Овие истражувања можат да им помогнат на научниците да развијат и други 2Д метали со уште поширока примена.
Овој вид злато е 10 пати поефикасен од досегашните златни наночестички за забрзување на хемискитe реакции што може да им заштеди многу средства на компаниите.
Навистина, се работи за материјал кој злато вреди!