Запознајте го Џон Кермит Вик!

Дипфејк (Deepfakes) е технологија заради која во скорешна иднина веројатно ќе се посомневаме во веродостојноста на видео доказите.

Најновото видео кое кружи во бесконечниот бунар на човечката креативност, кој можеби и не е толку длабок колку што е широк, е дипфејк видеото на Кијану Ривс монтирано врз некои од децата од познатата серија Сезами Стрит, претходник на кај нас популарната Мапет Шоу.

Видеото, колку што е смешно толку е и морничаво, зборува за популарноста на овој феномен, како и на Кијану, кој од времето на „Бил и Тед“ станал многу почитуван и баран актер во Холивуд.

Легендарни се неговите улоги на Нео или Џон Вик, со ликови кои повеќе наликуваат на стрип, отколку на реалност, а последново видео нѐ потсетува дека можеби навистина живееме во Матриксот.

Шегата на страна, дипфејк видеата ги загрижуваат дури и поранешните оперативци на ЦИА:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *