Наставничка-робот ќе ги учи вашите деца!?

Во дистопискиот роман Апокалипса.мк на авторот Бранко Прља се раскажува за една паралелна иднина на Македонија каде што, меѓу другото, учителите се заменети со вештачка интелигенција која ги обезбедува сите потребни знаења и успешно им излегува во пресрет на предизвиците на образованието во т.н. Нова Македонија.

Но, реалноста најчесто е почудна од фикцијата. Веќе имаме зборувано за професиите во кои вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето. Истата судбина ги чека и наставниците, но да видиме за што станува збор.

Вештачката интелигенција веќе се користи во Кина преку персонализирано туторство со помош на алгоритми или во процесот на учење преку системи кои го мониторираат напредокот во училниците.

Кина инвестира многу во образованието, воведува даночни ослободувања за вклучување на ВИ во образованието и ќе направи се за подобри резултати на тестовите.

Се поставува прашањето, што е потребно за брз развој на ВИ? Многу податоци за голем број на луѓе. Илон Маск славно изјави дека Гугл, Фејсбук или Твитер се една голема колективна ВИ која секојдневно црпи податоци од нашите навики, коментари, прашања, лајкови, статуси…

Слично на тоа, Кина е земја каде што колективното се става над индивидуалното, а на приватноста се гледа како на нешто негативно, и според тоа е најдобар кандидат за ефективна и успешна примена на ВИ во училниците. Освен тоа, бројката од 200 милиони ученици е повеќе од доволно за да се обезбеди огромно количество податоци.

Повеќе од сигурно е дека ВИ ќе има влијание, не само во Кина, туку и ширум светот, но останува да видиме во која насока ќе се развива технологијата пред да замислиме наставници-роботи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *