Тераскоп – телескоп голем колку планетата Земја!

Раните телескопи се потпирале на идејата за рефракција (прекршување) на светлината и користење на леќи со зголемувања до 20 пати. Кога Галилео Галилеј го насочил својот телескоп кон вселената, започнала модерната историја на астрономијата.

Стаклените леќи не се совршени заради хроматска аберација и астрономите ги замениле тие леќи со огледала во т.н. рефлективни телескопи кои ја зголемиле моќта на гледањето за многу пати. Но, и тие имаат граница и се прилично скапи за производство, некои дури и по неколку милијарди долари.

Од таа причина, енормно големиот телескоп (Overwhelmingly Large Telescope) со огледало од 100 метри останал само во форма на концепт, инаку требало да открие објекти со 1.000 пати помала светлина од тоа што може да го детектира Хабл и ќе можел да препознае планети кои содржат елементи слични на нашата планета.

Но, до каде можеме да одиме? Цените на овие телескопи и ограничувањето на големина на огледалата укажуваат на криза во астрономијата.

Интересно е да се помисли дека леќите не сме ги измислиле ние, туку дека тие постојат во природата. Капка вода или окото на цицачите се природни леќи, исто како што и една црна дупка е исто така леќа. Од таму произлегува идејата дека атмосферата на Земјата, која природно ја прекршува светлината, може да се користи како телескоп. Замислете само колку моќен би бил тој т.н. тераскоп! Погледнете повеќе во ова интересно видео:

За поупорните, прочитајте повеќе во научната студија на овој линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *