Можеме ли да го видиме американското знаме на Месечината?

Од Земјата секако не можеме да ги видиме знамињата кои ги оставиле астронаутите како дел од мисиите Аполо. Дури ни телескопот Хабл кој гледа некои од најоддалечените галаксии и ѕвезди во вселената не може да ги види дури ни леталата (Apollo Lunar Modules) со кое овие астронаути слетале на Месечината.

Максималната резолуција на препознатливи објекти на Месечината кои можат да се видат со Хабл телескопот е 43 метри, а леталото е многу помало.

Но, тука на помош пристигнува Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) кој дава досега единствени слики на Аполо леталата и знамињата во не толку добра, но сепак доволна резолуција да се восхитуваме на „малиот чекор за човекот, но големиот чекор за човештвото“.

Инаку, во вселената има шест американски знамиња од мисиите Аполо 11, 12, 14, 15, 16 и 17. Другите нации кои слетале на Месечината се Русија, Јапонија, Кина и Индија, како и Европската вселенска агенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *