Град во кој граѓаните го „бркаат“ смогот со фенови!!!

Шведскиот филм „Најголемата торта на светот“ (Tårtgeneralen, The Cake General, 2018) ја раскажува приказната за малото гратче Köping во 1980-тите кој во популарно телевизиско шоу бил наречен „најздодевниот град во Шведска“.

The Cake General Poster

Иако овој град е родното место на Carl Wilhelm Scheele, човекот кој го изолирал кислородот и на авторот на шведската химна Richard Dybeck, медиумите не се грижат за минатото – прашуваат што сте направиле денес!?

Еден од граѓаните кој бил навреден од негативниот публицитет решил да направи нешто за својот град и да ја направи најголемата торта на светот со што ќе го стави својот град на светската мапа.

Се работи за една приказна заснована на вистинска случка за инаетот и непокорот. Звучи познато?

Инает и непокор во нашиот народ има за извоз, но дали имаме доволно иницијатива да направиме промена? Како би било да ни здодее тоа што се наоѓаме на прво место на листата на најзагадени градови во светот и да се побуниме!?

Но, што би можеле да направиме? На пример, можеме да засадиме најмногу дрва или да купиме најмногу домашни прочистувачи на воздух по човек во една држава… всушност второто веќе го имаме направено…

А што велите кога ќе биде еден од назагадените денови во годината да излеземе на нашите тераси и да ги вклучиме нашите фенови за да го разбркаме смогот!? Се разбира дека тоа ќе има малку влијание на загадувањето (а можеби и ќе има, кој знае!?), но би претставувало граѓанска акција, иницијатива и пораката ќе биде јасна – не го сакаме загадувањето!!!

Да го направиме неверојатното, провокативното, единственото, да го покажеме непокорот и инаетот навистина, не само на зборови!

Замислете ги насловите по светските весници:

City that fights pollution with blow dryers!!!

Загадувањето е тука, нема да избега, ако треба ќе нѐ почека да завршат одморите, а во меѓувреме држете ги феновите на појасите спремни за „пукање“!

ПС: Ако имате поинаква идеја за граѓанска акција на која и да е тема значајна за вас, општеството или природата, пишете ни на contact@arno.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *