Во овој сегмент „Како да бидеш вистински патриот“ ќе предложиме идеи кои можат да бидат корисни за нашето општество и за подобрувањето на животот во нашата држава.
Идеја 1: вистинските патриоти можат да помогнат да се реши проблемот со загадувањето!
Секој кој ја сака сопствената држава би требало да стане еколог!
Tоа е уште поочигледно во државите како нашата кои се соочени со многу еколошки проблеми. Зарем не го дишеме истиот воздух и не ја јадеме истата храна!? Ако се согласувате со тоа, еве неколку идеи како да станете вистински еколог!
Ако сте обичен граѓанин:
- Ширете позитивни еколошки пораки преку социјалните медиуми
- Споделувајте линкови со еколошка тематика
- Купете садница и посадете ја или дајте ја некому кој сака да го направи тоа
- Селектирајте отпад правилно
- Не купувајте непотребни работи
- Подарете ги работите кои не ги користите, наместо да ги фрлите
- Не користете пластични кеси за пазарење
- Користете платнени торби за пазарење
…
Ако имате повеќе финансиски средства или сте популарни:
- Споменете барем една позитивна еколошка порака во вашите појавувања на стандардните медиуми
- Купете еден куп садници и најмете некој да ги посади, ако не сакате да си ги валкате рацете
- Финансирајте истражувања (дајте им пари на паметни деца кои немаат средства) за тоа кои дрвја каде треба да се садат за да се максимизира ефектот на прочистување воздух и филтрирање честички или да истражуваат други еколошка тематика
- Помогнете финансиски да се санираат депониите и да се работи на подобра селекција и рециклирање
- Понудете награда за најиновативна идеја за справување со загадувањето
- Во сите кампањи може да се споменува вашето име, а сите граѓани ќе ви бидат благодарни и тоа позитивно ќе влијае на вашиот имиџ
…
Ако не се согласувате не мора да сторите ништо и работите ќе останат такви какви што се, но ако се обидете, можеби ќе се сменат на подобро.