Најпознатиот американски сликар не продава слики!

Дали знаете кој е Боб Рос? Не знаете? А сега:

Во САД тој е култна фигура и дел од популарната култура.

Тој бил креатор на емисијата The Joy of Painting и водител од 1983 до 1994, а со помош на Анет Ковалски (Annette Kowalski) ја започнал емисијата и ја основал Bob Ross Company.

Во текот на емисијата која имала околу 400 епизоди Боб Рос ги подучувал гледачите на радоста, уметноста и магијата на сликањето. Гледачите како производ од секоја епизода можеле да видат завршена слика, но вистината е дека за секоја епизода Боб правел три слики: една пред, една за време и една по епизодата. Потоа ги обележувал, најдобрата ја обележувал со “book”, средната со “TV” и последната со “Kowalski”, која ја давал на Анет Ковалски, жената која го пронашла.

Но, каде се сите тие илјадници слики и зошто никој не може да купи ниту една од нив? Одговорот е – никој не знае!

Всушност, точниот одговор е дека никој не знаел, до кусиов документарец и тој открива интересна приказна за Боб и неговите слики:

Сите слики од емисијата се сместени во кутии во магацинот на Bob Ross Company, фирма во која работат откачени тетки и уметнички ентузијасти кои го одржуваат сајтот на Боб Рос со инспиративни пораки, водат повеќечасовни телефонски разговори со обожавателите на Боб и немаат намера да ги продаваат неговите слики, иако тие вредат милиони долари, зашто „Боб не би го сакал тоа“. Се разбира, потоа признаваат дека сликите се наредени во кутии во „не баш климатизирани услови“ и дека на Боб би му се допаднало тоа што неговиот лик се наоѓа врз производи како тостери и чорапи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *