Зелени градски сили!

Очајно ни требаат „зелени градски сили“, како по примерот на Њујорк!

Green City Force не само што ги учи жителите на Њујорк со помалку примања и животни можности како да заштедат, тие ги обучуваат на самоодржлив начин на живот, како да ѝ помогнат на околината и луѓето со кои ја делат животната средина во урбаната средина.

Што прави Green City Force? Тие ги едуцираат жителите за програмите за рециклирање, за редуцирање на потрошувачката на енергија и оптимизирање на енергетската ефикасност, дистрибуција на штедливи сијалици и создавање на урбани фарми со органски производи, како и добивање бесплатни производи за компостирање или волонтирање на фармите.

Еднаш неделно членовите на Green City Force се обучуваат да бидат еко-писмени и во областана зелената економија. По завршувањето на програмата Green City Force им помага да најдат работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *