Замислете Ван Гог да сликал… во Microsoft Excel!?

Многу луѓе почнуваат да сликаат откако ќе се пензионираат, но ниту еден не слика со Мајкрософт Ексел – освен Тацуо Хориучи, 77 годишен Jапонец.

Не се работи за грешка во текстот – човекот навистина слика со Ексел и тоа од една практична причина, како што вели самиот, „не треба да трошиш пари за бои.“ Вистински пензионер.

Бидејќи сакал да „слика“ на компјутер, а не сакал да плати за програма за цртање, решил да го искористи она што веќе го имал во компјутерот.

Така, со алатки за правење графикони и „paint bucket“ почнал да слика во 2000 година, со мисија за 10 години да создаде нешто што би можел да го покаже на луѓето.

Тој заклучува дека „дури иако немаш талент за сликање, можеш да сликаш со Ексел,“ а ние сметаме дека неговите слики се одлични! Особено заради тоа што зборуваат за човековиот дух и дека со истрајност, посветеност и креативен пристап кон животот можете да создадете нешто сосема оригинално. Погледнете!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *