Водород се роди!

Откриен во 1766 година, водородот е елемент кој ја „раѓа“ водата во формулата позната на секој ученик – H2O!

Тој е прв член на периодниот систем и има наједноставен атом од сите елементи, составен од 1 протон и 1 електрон кои прават чуда под силен притисок!

Тоа чудо е нуклеарна фузија заради што светат ѕвездите, а свети и нашето Сонце кое ни ги прави деновите весели и исполнети со активности, како одење на базен.

А базените се полни со вода, па ете како е сѐ поврзано! Уште само кога автобусите би ни биле на водород, сѐ би било во хармонија, зашто ваквите автобуси не загадуваат, а единствен „издувен гас“ е пареата.

Освен Сонцето, и поголемите планети како Јупитер се составени од 3/4 водород. Дури и во вселената овој елемент е најчест, а маглините во кои се формираат нови ѕвезди (како маглината Орион) се облаци од водороден гас. Сепак, во атмосферата на Земјата овој елемент е редок.

Но, затоа кога ќе се најдат во атмосферата балоните исполнети со водород, летаат нагоре зашто водородниот гас е полесен од воздухот, а кога ќе се излади на мнооогу ниска температура течниот водород се користи како ракетно гориво и се разбира за… кршење банани!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *