Изуми: Фластер (1920)

Фластерот е еден од наједноставните и најкористените изуми на светот, а приказната за неговото пронаоѓање е поврзана со готвењето и чистењето…

Си била една Жозефин, и не била сопруга на Наполеон, туку на американскиот пронаоѓач Ерл Диксон (Earle Dickson). Оваа Жозефин честопати се соочувала со мали изгореници и исекотини додека готвела и се занимавала со домашната работа.

За да ѝ помогне (не се знае дали тоа било од љубов или да ѝ овозможи да продолжи да работи по дома за да не мора тој да ја замени) нејзиниот сопруг ги измислил првите фластери во 1920 година.

Диксон фиксирал квадратчиња од газа на леплива хируршка лента и ги зајакнал со кринолин (цврст материјал направен од коњски влакна и памук).

Image result for band aid

Модерните фластери се изработени од газа фиксирана на лента од пластика.

Но, овој изум (за среќа на Диксон и на целиот свет) не останал во рамките на неговиот дом, туку стигнал до рацете на неговиот шеф, Џејмс Вуд Џонсон (James Wood Johnson), а тој бил директор на Johnson & Johnson.

На шефот толку му се допаднала идејата што во 1924 Johnson & Johnson почнале масовно да ги произведуваат познатите фластери наречени „Band-Aid“.

Останатото е фласторија!


Забавен факт: Познатото лого на Johnson & Johnson кое потекнува од потписот на James Wood Johnson е едно од најстарите логоа кои се сѐ уште во употреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *