Рамбо Амадеус vs. Роки Бетовен

Рамбо Амадеус, генијалниот набљудувач и критичар на негативните појави во светот и во неговиот дом – Балканот, и воедно човекот кој го измислил најупотребуваниот збор во истиот тој регион – турбо фолк, повторно нѐ изненадува со нова песна од албумот „Brod budala“, наречена „Oda Radosti – Izazovi evrointegracija“.

Спотот нѐ потсетува на некоја чудна ретро-ју варијанта на познатиот спот Money For Nothing на Dire Straits под дејство на анти-психотропниот напиток од Балканот познат како ракија.

Но, стиховите се многу луцидни и додека Рамбо „рапува“ со зборовите: „YES: integration, affirmation, cooperation, among the nations“ или „NO: isolation, segregation, confrontation, violation“, женскиот хор дополнува „Евроинтеграции, пишувам апликации, за фондациите да ми одобрат донации“ или „Сакам екологија, на ѓубрето сепарација, на депониите санација“.

Сосема валидни барања, нели!? Рамбо заклучува дека „поголеми пензии носат помали тензии, па нема миграција од нашата локација“. Погледнете и слушајте:

Песната е јасно посветена на Европа и на нејзината химна „Ода на радоста“ од големиот Лудвиг Ван Бетовен. Отворено останува само прашањето дали по оваа песна „нашиот“ генијален балкански музичар и филозоф Рамбо Амадеус треба да се преименува во Роки Бетовен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *