Физичарот Стерлинг Бакус (Sterling Backus) целосно испечатил Lamborghini Aventador!
Тој и син му работат на проектот речиси две години и до сега потрошиле 20.000 долари.
Колата е речиси целосно испечатена со помош на 3Д печатар, бидејќи моторот и некои други структурни делови се одделно набавени.
Идејата на проектот е децата да се заинтересираат за технологијата и авторот истакнува дека не се работи за пиратерија затоа што тој внел измени во оригиналниот дизајн.
Освен тоа, додава Стерлинг, „проектот е уникатен и автомобилот не е за продажба.“