Инвазија на Марс!? Прва е Месечината.

Веројатно знаете кој е Баз Олдрин. Се разбира познат е по интервјуто со комичарот Али Џи.

И по тоа што му „мавна бокс“ на здодевниот теоретичар на заговори кој тврди дека човекот никогаш не стапнал на Месечината.

Освен тоа, Баз Олдрин е инженер и астронаут кој бил пилот на мисијата Аполо 11 и вториот човек кој стапнал на Месечината во 3 часот 15 минути и 16 секунди на 21 јули 1969 година, 19 минути откако Нил Армстронг го сторил истото.

Баз Олдрин е застапник на идејата за враќањето на луѓето на Месечината. Според него, пред да одиме на Марс нужно е меѓународно присуство на Месечината.

Како што самиот признава, пресвртница во неговиот начин на размислување настанала кога го запознал физичарот Стивен Хокинг во неговата канцеларија на Кембриџ. Тогаш Хокинг на неговата возбуда од идејата за колонизација на Марс со неговиот познат компјутерски глас го советувал: „Прво колонизирај ја Месечината“.

Навистина, колонизација на една планета е комплексен, скап и непредвидлив цивилизациски чин. Марс е негостопримлив и е многу (многу) подалеку од Месечината.

„Тогаш разбрав дека треба да направиме многу работи пред да ги пратиме луѓето на Марс, а Месечината е вистинското место за тоа.“ заклучува Олдрин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *