Градина во вселената

NASA постојано организира натпревари. Некои се за најдобра астрономска фотографија или за име на новооткриен вселенски објект или за вселенско летало.

Но, понекогаш се работи за покомплексна задача како дизајн на вселенско живеалиште, или во последниов случај за идеја како да се одгледуваат растенија во вселената.

Image result for grow plants in space

Growing Beyond Earth” ги предизвикува натпреварувачите да смислат мала стаклена градина во коцка со страна од пола метар која во иднина би им обезбедувала свежо овошје и зеленчук на астронаутите.

Натпреварот е поделен на средношколско, факултетско и професионално ниво и рокот за поднесување концепти е февруари 2020.

Иако до сега се одгледувани растенија во вселената NASA сепак бара нови и „свежи“ решенија на проблемот со инвентивни и ефикасни прототипи. За жал, натпреварот е ограничен само за жители на САД, па нашите градинари нема да имаат шанса да учествуваат… сепак NASA е американска „национална вселенска агенција“ која овој јули полни 61 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *