Кој е победникот во вселенската трка?

Кој е победникот во вселенската трка? Се разбира САД, нели! Нели?

Сепак, работите не се толку едноставни. Ако се запрашаме кој победи во трката до Месечина, тогаш да, САД победи. Но, историски Русите биле први пред Американците во многу „дисциплини“ на вселенската трка.

Да видиме конкретно, постигнувањата на СССР се:

► Прва интерконтинентална балистичка ракета, август 1957

► Прв вештачки сателит и сигнали од вселената, Спутник-1, октомври 1957

► Прво животно во орбитата на Земјата, Лајка – Спутник-2, ноември 1957

► Прво лунарно вселенско летало, Луна-1, јануари 1959

► Прво слетување врз небесно тело (Месечината), Луна-2, септември 1959

► Први слики од темната страна на Месечината, Луна 3, октомври 1959

► Први животни кои биле успешно вратени од вселената, Белка и Стрелка – Спутник 5, август 1960

► Прво пролетување покрај Венера, Венера-1, февруари-мај 1961

► Прв човек во вселената, Јуриј Гагарин – Восток-1, април 1961

► Прва жена во вселената, Валентина Терешкова – Восток-6, јуни 1963

► Прва активност надвор од вселенски брод, Алексеј Леонов – Восход-2

► Прво меко слетување и први фотографии од друго небесно тело (Месечината), Луна-9, февруари 1966

► Прво слетување на друга планета (Венера), Венера 3, март 1966

► Прво вселенско летало во орбита на друго небесно тело (Месечината), Луна 10, април 1966

► Прво роботско автоматско враќање на примерок од друго небесно тело (Месечина), Луна 16, септември 1970

► Прво мобилно возило со далечинско контролирање на друго небесно тело (Месечина), Луноход 1, ноември 1970

► Прва вселенска станица со човечки екипаж, Саљут 1, април 1971

► Прво вселенско летало во орбита на друга планета (Марс), Маринер 9, ноември 1971 година

► Прво меко слетување на Марс, Марс 3, декември 1971

► Први примероци на почви на Венера и звук на друг свет, Венера 13, март 1982 – Советски Сојуз.

Итн…

Во меѓувреме САД ги имале овие постигнувања:

► Први слики на Земјата од вселената, Explorer-6, август 1959

► Првиот сателит кој бил обновен по орбитата, Discoverer-13, август 1960

► Прв активен сателит за комуникации, Telstar-AT & T, март 1962

► Прв сателитски систем за навигација, NAVSAT-USN, декември 1963

► Прво прелетување покрај Марс, Маринер 4, јули 1965

► Прва орбитална средба (station-keeping) – Gemini 6А, декември 1965

► Прво спојување на вселенски летала, Gemini 8, март 1966

► Прва демонстрација на практично работење во вселената, Gemini 12, ноември 1966

► Прва мисија со човечки екипаж која го надминала гравитациското влијание на Земјата, орбитирала околу друго небеско тело (Месечината) и безбедно се вратила, Аполо 8, декември 1968

► Првите луѓе кои слетале на Месечината, Нил Армстронг и Баз Олдрин – Аполо 11, јули 1969

► Прво пролетување околу Јупитер, Пионер 10, декември 1974

► Прво вселенско летало за повеќе употреби со екипаж (Space Shuttle), април 1981

итн…

Проценете сами кој е победникот.

Денес истражувањето на вселената е меѓунационален проект и заеднички напор во натпреварот помеѓу приватните компании. Вселенската трка после децении од распадот на СССР е повторно актуелна!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *