Земјата има близнаци

Две планети кои кружат околу ѕвездата Тигарден (Teegarden’s Star) оддалечена 12 светлосни години од нас, се слични на Земјата. Ѕвездата е 10 пати помала од Сонцето, но планетите се сместени во т.н. хабитабилна зона, што е пресудно за потенцијален развој на живот.

Тигарден б е планета која има индекс на сличност со Земјата од 95, што е највисоко до сега, а значи дека има најсличен радиус, густина, гравитација и површинска температура до вредностите на Земјата.

Потрагата по егзопланети е релативно млада научна дисциплина. Првото потврдено откривање на планета надвор од Сончевиот систем било во 1990 година, а до денес се откриени околу 4.000 планети.

Сепак, сѐ уште е рано да се зборува за мали зелени жители на овие планети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *