Без GPS модерниот живот би бил невозможен

GPS (Global Positioning System) го овозможува збир на сателити со цена од 12 милијарди долари, но сепак е достапен за слободно и бесплатно користење ширум светот.

Системот е развиен од војската на САД за да овозможи точна локација на нивните бродови, авиони, па дури и индивидуални војници каде и да се.

Првиот Глобален систем за навигација бил лансиран во 1978 година и бил наречен Navstar 1. Во следните години биле лансирани уште многу сателити и опфаќа 24 сателити.

Секој сателит има атомски часовник, но апаратите (мобилните телефони, на пример) не можат да имаат таков часовник. Затоа сателитите постојано праќаат сигнали кон уредите и го мерат растојанието. Ако настане отстапување мерено во наносекунди позиционирањето би било сосема погрешно. За да функционира системот во равенките требало да се вклучи и релативитетот, поради разликите во гравитацијата на Земјата и кај сателитите, а гравитацијата влијае на времето.

Целата оваа висока технологија била дозволена за користење од страна на светската популација, но со ограничувања, на пример недоволно прецизно позиционирање. Како што технологијата напредувала тие ограничувања биле тргнати, но сепак владите на помоќните земји денес развиле свој позиционен систем со лансирање на мноштво сателити, како Русија, Европската унија или Индија.

Погледнете повеќе во ова интересно и информативно видео.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *