Зошто Русите немаат пратено човек на Месечината?

Ова е приказна за историјата, руската иновативност, упорност и истрајност, но и за политиката и заткулисните игри кои скапо ја чинеле Русија (СССР) и нејзините амбиции да пратат човек на Месечината.

Теоретичарите на заговор, се разбира, ќе кажат дека никој воопшто нема стигнато на Месечината и тоа ќе го образложат со бројни пречки кои тогашната технологија не можела да ги надмине.

Но, ако не сте дел од таа скептична толпа која парадоксално верува во тоа дека живее на „плоча Земја“, тогаш ќе ве интересира следново видео.

Сергеј Павлович Королев бил главниот човек на руската вселенска програма и одговорен за сѐ – од Спутник, преку Лајка, до Гагарин. Тој навистина бил она што Американците го нарекуваат “one man show”. Но, Владимир Челомеј, кој бил под заштита на претседателот Хрушчов бил назначен за главен за мисиите на Месечината. Недостатокот од искуство значел заостанување во мисиите. Постоеле и конфликти за дизајнот на леталото и биле направени повеќе од 30 дизајни.

Во 1964 кога Хрушчов бил заменет со Брежнев на Королев му била дадена целосна контрола врз мисиите со цел да се слета на Месечината во 1967 година, на 50-годишнината од Октомвриската револуција.

Сепак, постоеле големи проблеми поврзани со ракетите кои требало да однесат масивен товар на Месечината, а воедно да бидат сигурни за човечкиот екипаж. Американците веќе 5 години работеле на таква ракета, додека Русите требало да почнат одново. Но, постоеле и други проблеми од приватна природа.

Главниот дизајнер на ракети, Валентин Глушко, во 1938 година го предал Королев на Сталин кој поради ова бил 6 години во затвор каде речиси починал. Самиот Глушко сметал дека Королев владее автократски со вселенската програма и одбивал да работи за него. Сето ова донело до одложувања во работата.

Сепак, Русите успеале, на иновативен начин, наместо малку моќни ракети, да направат систем со повеќе послаби ракети за да добијат ист ефект. За жал, Королев починал во 1966 година и програмата продолжила со повеќе неуспешни лансирања.

Останатото е Нил Армстронг… пардон – историја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *