Мозокот на Ајнштајн… во тегла!?

Во епизодата The Einstein Approximation од серијата The Big Bang Theory, ексцентричниот лик Шелдон е заглавен со научен проблем и одлучува дека единствен начин да го реши проблемот е да се вработи на некое безначајно работно место.

Теоријата“ потекнува од идејата дека Ајнштајн ги направил неговите најзначајни откритија додека бил службеник во Бирото за патенти во Швајцарија. Од историјата ни е познат и случајот на писателот Франц Кафка кој исто така бил службеник и неговите дела понекогаш се сметаат за критика на бирократските општества.

Шелдон оди да бара работа и на службеничката која му помага ѝ вели дека сака бесмислена работа – како што е нејзината. Потоа се вработува како мијач на садови и келнер, а по една незгода ја открива тајната шема за поголемата научна вистина – во купче скршени садови на подот од ресторанот.

Се работи за комедија, се разбира, но таа нѐ поттикнува на размислување зашто токму Ајнштајн е заслужен за една од најреволуционерните идеи во историјата на науката и е инспирација на голем број научници оттогаш, а неговото присуство во популарната култура и колективната свест е неминовно.

Фасцинацијата на луѓето со „мозокот на Ајнштајн“ (во случајов и буквално) е тема на филмот Relics: Einstein’s Brain во кој дознаваме дека мозокот на Ајнштајн бил украден за време на неговата аутопсија, а јапонскиот професор Kenji Sugimoto е на мисија да го пронајде. По многу перипетии, конечно успева да го пронајде мозокот на Ајнштајн, во Канзас кај патологот Thomas Stoltz Harvey кој ја правел аутопсијата и го земал мозокот на Ајнштајн, а потоа – го чувал со децении во тегла!

Ако сте заинтересирани за посериозниот аспект кон тематиката на Алберт Ајнштајн, еден од столбовите на модерната физика и човекот кој до крајот на животот го барал светиот грал на науката – теоријата на сѐ, можете да го погледнете ова видео.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *