„100% природен сок“ од портокали со „100% вештачки вкус“!

Како се прави сок од портокал? Прво портокалите се берат рачно во ноември. Откако ќе се измијат и исплакнат се пренесуваат на сушење и чистење. Потоа се носат на цедење и сокот се полни во кутии. Ваквиот сок трае неколку дена во фрижидер.

Сега да зборуваме за тоа како навистина се прави сокот од портокал кој го гледаме по продавниците.

Прво, мора да се намaли количеството на кислород во сокот за да не се расипува (дури и до една година). Но, со овој процес се отстранува и вкусот. Се разбира, никој не би купил сок без вкус и тука на сцена стапуваат… (звук на тапани) – компаниите за производство на вкусови и мириси.

Во лаборатории тие произведуваат вештачки мириси и вкусови кои се брендирани како Tropicana, Simply Orange, Minute Maid, Florida’s Natural итн. Вкусот и мирисот мора да бидат уникатни и конзистентни.

Сето ова повеќе наликува на производство на Кока Кола, пијалок со брендиран и заштитен вкус. Се разбира, овие додатни состојки не се обележани на пакувањата, но бидете сигурни дека вашиот „100% природен сок“ е со „100% вештачки вкус“!

А сега нешто сосема поинаку! Како се прават „природните сокови“ кои се продаваат по нашите супермаркети… (звук на тапани)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *