Netflix за гикови!

За само 20 долари годишно можете да се претплатите на CuriosityStream и да имате неограничен пристап на документарни филмови од областа на науката, технологијата, природата и историјата.

Оваа здрава навика која ќе ви овозможи нови знаења и добра вежба за вашите неврони чини исто колку 10 кутии цигари, 5 кутии сладолед или 6 хамбургери… за тие кои ги негуваат овие нездрави навики.

Netflix во Македонија чини 8.59 долари месечно (околу 100 долари годишно), а во многу други земји со повисок стандард е поевтин, на пример во Јапонија и Канада каде што е под 6 долари.

Поради очајната програма на домашните телевизиски провајдери каде што спортот насилно доминира, а турбо-фолк музиката „невроните ги малтретира“, ова се чини како интересна понуда.

Достапни се сериите како The Secrets of Quantum Physics, The Rise and Fall of T-Rex и Stephen Hawking’s Favorite Places.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *