Загадувањето не спие во „летен сон“

Да се потсетиме на загадувањето кое во нашата држава е на високо ниво во текот на целата година. Се разбира, во текот на летата не е екстремно колку зимно време, но повторно е над светските норми.

Снежана Василевска пишува за загадувањето и за личната одговорност како граѓани и прави интересна листа на работи кои можеме да ги направиме индивидуално, а вклучуваат носење на платнени торби за пазарење, селектирање отпад, намалување на купување на производи во амбалажи итн.


„Прогласени сме за најзагадена држава во Европа, знаеме ние, знаат надлежните, а работите стојат во место.

Дали и колку моќ имаме ние граѓаните?

Засега не многу, но полека растеме; а додека да се оснажиме доволно за да можеме да ги алармираме големите индустрии, градските лидери, државата, ајде да си го вклучиме внатрешниот аларм – на најјако!

Да размислиме дали е во ред од други да бараме да ги исполнат своите обврски, ако сами не сме ги исполниле нашите. Не верувам дека во групава има некој што расфрла по улици и паркови, но дали е тоа доволно?

За да направам лична проверка, ,,скинав’’ лист од електронскиот бележник и направив дневник на активности поврзани со отпадот и загадувањето. Не можам да кажам дека сум задоволна од резултатот. Но можам да си ветам дека на листот за утре нема да ги има црвените крвчиња.“


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *