Како да останеш ментално здрав во светот на медиумското лудило!?

Денес во светот постојат многу медиуми и нашиот (индивидуален) светоглед не е веќе обликуван од еден теливизиски или онлајн канал.

Но, како да се знае вистината во свет со бесконечно верзии на вистината? Одговорот е дека не може да се знае, барем не со голем процент на сигурност.

Ако му веруваме на принципот на несигурност кој владее со квантниот (микроскопски) свет, а неговата манифестација е макроскопскиот свет – оној кој го гледаме и доживуваме, тогаш несигурноста е во самата природа на вселената.

Сето тоа значи дека живееме во најдобриот од сите можни светови и треба да ги искористиме неговите предности. Ако имаме пристап до интернет и сме просечно (само)критични, креативни и интелигентни (а нели во нашата земја сите луѓе се такви), тогаш ви пренесуваме еден прирачник за тоа како да останете ментално здрави во светот на медиумското лудило. Во духот на филозофијата на модерниот западен шаман Карлос Кастанеда, тоа би можело да се преведе вака: како да постигнеме повисока свесност преку т.н. „контролирано дигитално лудило“.

1. Вилем Флусер вели: „Медиумот е пораката“, ние велиме „Медиумот нема порака.“

2. Целта на медиумот е да опстане, по секоја цена.

3. Не верувај никому! Направи свој медиум и шири твоја вистина, таа нема да биде поневистинита од сите други.

4. Пренесувај пораки во име на толку личности колку што идеи имаш, единствен начин да се остане ментално здрав во модерното општество е шизофренијата.

5. Во природата на медиумот е да се самореплицира, ако вреди твојата порака ќе го направи истото.

6. Социјалните медиуми се експеримент на вештачката интелигенција за да прибира информации за однесувањето на луѓето, збуни ја со парадоксални изјави!

7. Содржината не е битна, пораката нема суштина, медиумот постои само за да постои (види точки 1 и 2)

8. Ако медиумот се сврти против тебе, секогаш можеш да го избришеш

9. Ништо во дигиталниот свет не е вечно.

10. Избриши, рестартирај, почни одново!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *