Замислете кога би можеле да ги рециклираме работите така што ќе ги разделиме на составните молекули, ќе ги отстраниме сите нечистотии и ќе добиеме чиста суровина, а после од нив можеме да правиме нови работи. Ѓубрето би станало вредно!
Токму тоа го прават истражувачите од Силициумската долина.
Сепак, процедурата е сѐ уште скапа и нема економска логика да се применува. Како што знаеме – за да има еколошка револуција, потребно е еколошката суровина што се користи да биде поекономична од досегашната нееколошка. Тоа е единствениот начин да се направи глобална промена.
За сега научниците се на добар пат со оваа технологија да го сменат светот – сега останува предизвикот како процесот да се направи евтин.