Radiohead уценети за 150.000 долари!

Хакери кои немаат почит кон историјата на модерната музика барале од Radiohead 150.000 долари за да им ги вратат снимките од снимањето на класичниот албум OK Computer објавен во 1997 година.

Се работи за 18 часа снимки од овој албум кој засекогаш ја сменил модерната музика и (колку згодно!) ги обработува темите како: консумеризам, општествена отуѓеност, емоционална изолација и политичка нетолерантност.

Наместо да го платат откупот бендот ги објавил снимките во целост, а профитот е наменет за еко-активистите Extinction Rebellion.

Браво за Radiohead, а за хакерите останува да ги казни кармата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *